Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача денеска на семејствата на жртвите на минатогодишниот напад врз израелски туристи во бугарското одморалиште во Бургас, дека одговорните за убиствата „ќе ја платат цената“.
Од Кабинетот на Нетанјаху е издадено соопштение дека израелското биро за контратероризам ги известил семејствата во негово име дека „Израел ќе стори се за да одговорните за злосторството ќе ја платат цената“.
Вчера, меѓутоа, откако Бугарија го обвини либански Хезболах дека го извел тој бомбашки напад, навестено е дека Израел ќе води борба на дипломатски, а не на воен план.