Владата на Република Македонија ќе ја одржи 96-та седница

Од:

На 96-тата седница на Владата на Република Македонија ќе бидат разгледани информации во врска со потребата за склучување на Анекс на договор за доделување на финансиска поддршка меѓу Владата на Република Македонија и повеќе од 20 – тина компании во земјата.

На предлог на Министерство за здравство Владата ќе дебатира за предлог-закон за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства.

Пред министрите денеска ќе се најдат и неколку проекти на Министерството за труд и социјална политика. Меѓу нив се предлог – програмата за дополнување на програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2018 година, како и информацијата за текот и прогресот за отворање на центрите за ран детски развој во соработка со УНИЦЕФ во Република Македонија.

Како материјал за информирање Владата ќе ја разгледа информација за претставувањето на книжевното творештво на авторите од Република Македонија на меѓународните саеми за книга.

На предлог, пак, на министерството за финансии на 96-та седница министрите ќе дискутираат и за извештајот за завршени преговори за склучување на договор меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно- правни односи, со усогласен текст на договорот.

Почетокот на 96-та седница е закажан за во 13:00 часот.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+