Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе биде промовирана стихозбирката „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски, која ја доби престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга на македонски јазик во 2018 година.
Наградената книга ќе ја претстави Лидија Капушевска-Дракулевска, а стихови ќе чита актерот Томе Витанов.
Зоран Анчевски е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литаратура. Досега ги има објавено стихозбирките: „Патувања низ скршени слики“, „Стратегија на поразот“, „Линија на отпорот“, „Превод на мртвите“, „Див мир“, „Историја на ветрот“.
Добитник е на наградите „Студентски збор“ и на престижното меѓународно признание за поезија „Џакомо Леопарди“. За перведувачката дејност ја има и наградата „Григор Прличев“.