Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува штетниот договор што отстапува македонски јазик и националност

Од:

Ставот дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа, ниту во овој ниту во следниот парламент, уште еднаш го повтори претседателот на партијата, Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата турнеја на грчкиот остров Кефалониа.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија истакна дека главните причини за оваа позиција е нивниот став дека „за прв пат на соседите им се отстапува македонски јазик и македонска националност”, а тоа го прави договорот, според Мицотакис, „штетен за националните интереси”.

– Единствениот начин да се гарантира дека овој Договор нема да се ратификува во грчкиот парламент е да се одржат национални избори пред Договорот да дојде на ратификација во грчкиот парламент, за грчкиот народ да одлучи, не само за земјата, туку и за договорот за кој, како што реков, сметаме дека е штетен за националните интереси. Но, сакам да додадам и уште нешто: сликата од изминатите денови во соседната земја, за време на подготовката за првото гласање во Собранието, според моето мислење, не е слика која одговара на земја што може да се стреми да стане членка на големото европско семејство, рече Кирјакос Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он