Џафери ја закажа седницата за уставните измени за 21 часот, за ВМРО-ДПМНЕ денешната седница е завршена

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери седницата за уставните измени ја закажал за 21 часот, откако претходно таа беше закажана за 15 часот, но не започна.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со соопштение порача дека за нив седницата е завршена бидејќи до 18 часот и 30 минути не биле известени.

– Согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку, велат тие.

Пратеникот Антонијо Милошоски, претходно, во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побара претседателот Џафери веднаш да ја стави на гласање точката за пристапување кон измена на Уставот, бидејќи според него секое одложување покажува дека не е обезбедено потребното двотретинско мнозинство.

Според информциите на „Макфакс“, доколку не се обезбеди мнозинство од пратеници, седницата ќе биде одложена за наредните денови. Не се знае дали пратениците пријавени за дискусија ќе се откажат од своите говори и ќе се премине на гласање, како што побара пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска