ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е однесувањето на СДСМ и помошта од 7.800 денари за стечајците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на Јагода Шахпаска.

„Срамно е однесувањето на СДСМ, срамна е сумата од 7.800 денари помош за стечајците. Власта нема право да говори за стечајците, нема право да говори за сите оние луѓе кои ги остави без работа во времето на криминалната транзиција.

СДСМ во време на транзицијата остави без работа над 200 илјади граѓани, а сегашниот Закон за стечајци таргетира едвај 6 илјади граѓани. Граѓаните во мрачните 90-ти ги загубија своите работни места, својот извор на егзистенција само за одреден круг на луѓе близок до тогашната власт на СДСМ да ги оствари своите бизнис интереси.

Власта денес не може со 7.800 денари да ја надомести штетата која им ја нанесе во транзицијата на овие луѓе, нивната изгубена младост, среќа и достоинство, изгубени за време на владеењето на СДСМ.

Уште пострашно е што владеењето на СДСМ денес се повеќе наликува на владеењето на СДСМ во 90-тите години од минатиот век. Јавноста повторно е сведок на фирми кои заминуваат во стечај, економијата е пред колапс, животниот стандард опаѓа, а животот повторно дојде единствено за олигарсите блиски до власта.

Очигледно СДСМ е тука да ја доврши работата и да го спроведе последниот том од криминалната транзиција. Време е Македонија да расчисти со овие корумпирани и криминогени политичари, време е Македонија да заврши со транзиционите политичари кои своите политички кариери ги изградија газејќи на грбот на обичниот граѓанин. Само така и само тогаш Македонија ќе победи“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра