Пред Законодавниот дом, на тревници, помеѓу зеленилото и на местата за движење на граѓаните, пратениците ги паркираат своите возила.
Народните избраници, најверојатно сметаат дека се над сите и дека законите важат за сите, но не и за нив.
Тие ги креираат правилата и ги гласаат законите, но не ги почитуваат. Дали полицијата и ЈП Паркинзи и ПОЦ ќе ги подигнат овие возила и ќе ги казнат пратениците? За „обичните смртници“ високи се казните за непрописно паркирање, а особено за оставање возило и уништување на зеленилото.