Звонко Пекевски: Со напорна работа се трудиме да излеземе во пресрет на секој граѓанин

Од:

Градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски излезе со отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат. Како што вели Пекевски, уште на самиот почеток на вршење на функцијата се соочил со проблемот, блокирана сметка на општината, што за него претставувало предизвик за макотрпна работа и изнаоѓање на решение и покрај таквата состојба да се излезе во пресрет на граѓаните. Сепак и со тоа што го имал на располагање како што истакнува, во изминатиот период од една година сработени се голем број капитални инфраструктурни проекти.

– Со партиципација на средства од еден милион денари преку Министерството за животна средина, а со кофинансирање на Општина Берово од 500 илјади денари, потпишан е договор за „Изработка на техничка документација и изградба на канализациони системи за одведување на отпадни води во населба МИЛО”. Тоа ќе овозможи приклучување на 30 домаќинства на системот за одведување на отпадни води, заштита на реката Брегалница и зачувување на биодиверзитетот и животната средина, рече Пекевски.

Додава дека од Министерството за економија се доделени средства во износ од 242 илјади денари кои ќе бидат употребени за изработка на локална Стратегија за развој на туризмот.

– Исто така од Бирото за регионален развој се доделени средства во износ од шестотини илјади денари за реализација на проект – Изработка на техничка домументација за изградба на колекторски систем во 3 населени места по течението на реката Брегалница. Потпишан е и договор за доделување на средства за Изработка на основен проект за фекална канализација со пречистителна станица во с. Двориште, со ревизија, еколошки елаборат и проектна инфрастуктура. Вкупната вредност на проектот чини 692 илјади денари од кои Министерството за животна средина и просторно планирање ќе донира петстотини илјади денари, а останатите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2018 година, информира Пекевски.

Во делот на подобрување на инфраструктурата во градот Пекевски во отчетот го напомена асфалтирањето на повеќе значајни улици во градот одкои дел се асфалтирани, а дел се во фаза на изградба по што ќе следува и нивно асфалтирање. Она што е значајно за граѓаните напоменува Пекевски, е почетокот на изградбата на зелен пазар чија изградба чини 202 илјади евра.

– Вкупниот износ на проектот изнесува 202.742,00 евра, финансиран со ЕУ Грант во износ од 134.857,00 евра преку Министерството за финансии, администрирано од страна на Светска банка со кофинансирање од страна на општинскиот буџет во вредност од 67.885,00 евра. Општината веќе има префрлено на донаторската сметка сума во износ од два милиони денари, рече тој.

Како што истакна Пекевски сите информации за сработеното во изминатиот период од една година од денес ќе бидат достапни на општинскиот веб сајт.

Би можело да ве интересира

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани