Извидничкиот караван престојуваше во Гевгелија

Од:

Во дворот на оновното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија денеска се одржа извидничкиот караван, организиран од Сојузот на извидници на Македонија.

Преку презентирање на разни активности учениците можеа да се запознаат со извидништвото, животните вештини и маалските игри преку кои се промовираат активности за интеркултура и тимска работа.

Членот на Сојузот на извидници на Македонија, Ивица Ангеловски, појасни дека годинава по седми пат се организира Извидничкиот караван низ повеќе градови во Македонија, водејќи се од мисијата за создавање на општествено подобри услови и подобар свет за младите.

-Целта е да ги запознаеме децата со Извидничката организација, нејзините активности и нејзината мисија. Во Македонија во моментов постојат 24 извиднички одреди со 2.700 регистрирани членови, а ние ќе настојуваме и во општина Гевгелија да формираме одред преку кој ќе ги натераме младите барем во одреден период да се откажат од мобилните телефони и седењето пред компјутер, рече Ангеловски.

Светската извидничка организација во моментот брои 60 милиони скаути,а има цел до 2020 година оваа бројка да се зголеми до 100 милиони.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија