Средба на Дескоска со претставници од Министерството за правда и безбедност на Холандија

Од:

Реформската агенда во правосудството, измените на законите кои следуваат во наредниот период, од кои се очекува да ја зајакнат и гарантираат независноста, самостојноста и непристрасноста на судството, како и реформите за борбата со корупцијата, беа теми на денешната средба меѓу министерката за правда Рената Дескоска и делегација од Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија.

Делегацијата ја предводеше Арјен Таселар, раководител за меѓународна соработка и проекти, и Ханс Јонкир, одговорен за координирање на политиките за меѓународна соработка, а на средбата присуствуваше и амбасадорот на Холандија, Вилем Ваутер Пломп.

– Целите на реформите, кореспондираат и произлегоа од оценките на Европската комисија во извештаите за напредокот на Република Македонија во последните години, а опфатени се и препораки од бројни меѓународни извештаи кои се однесуваат на реформи во правосудството, како Итните реформски приоритети (Извештајот на Прибе), извештаите на ГРЕКО и CEPEJ, Мислење на Венецијанска комисија и бројни други домашни извештаи, информираше министерката Дескоска на средбата.

Како што соопшти Министерството за правда, таа потенцираше дека квалитетот на реформите нема да биде предмет на компромис и истакна дека очекува поддршка од сите партии во Собранието во делот на реформите за владеење на правото, поради придобивките кои од нив се очекуваат за граѓаните и иднината на земјата.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on