Објавен конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2018 година

Од:

Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид го распиша годинашниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник.

Според пропозициите на конкурсот, пријавувањето на авторски трудови ќе трае заклучно со 16 ноември, со досега необјавени поеми на слободно избрана тема.

– Делото што не смее да биде помало од 912 стихови, треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот, односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија, се наведува во објавениот конкурс.

Заинтересираните автори своите дела треба да ги достават под шифра, на адресата Центар за култура – Охрид, улица „Македонски просветители” бр. 4, со назнака – Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2018 година.

Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот