Вељаноски и Јеремиќ разговараа за формирање собрание на Процесот за соработка на ЈИЕ

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска во Њујорк се сретна со претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации Вук Јеремиќ.

На средбата станало збор за унапредување на регионалната соработка и доброоседските односи, како и за предлогот за формирање парламентарно собрание на земјите – членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа.

– Претседателот на Собранието Вељаноски ги потенцираше заложбите на Македонија, во рамките на нашето претседавање со Процесот за соработка на Југоисточна Европа за подигнување на регионалната соработка на повисоко ниво, особено во делот на парламентарната соработка и поврзувањето. Двајцата соговорници оценија дека подигнувањето на регионалната соработка во процесот, особено во делот на парламентот, е значајна активност која треба да се случи, и доколку сите подготовки течат како што треба, ќе има еден вид на парламентарно собрание во рамките на земјите од процесот за соработка, информираат од кабинетот на претседателот на Собранието Вељаноски.

Идејата за формирање на собрание на државите членки на Процесот за соработка треба дополнително да се разгледа во мај во Охрид, кога ќе се одржи финална конференција во рамките на македонското претседавање со процесот. Вељаноски и Јеремиќ се согласиле дека е потребно ваквиот вид на соработка да има свој субјективитет, односно одредено седиште, организација, извори на финансирање, и за овие прашања ќе се разговара на конференцијата во Македонија.

Во однос на регионот, ставот на претседателот на Собранието Вељаноски е дека земјите од Западниот Балкан што поскоро треба да се интегрираат во ЕУ и на тој начин таа заедничка перспектива би донела просперитет.

Вељаноски и Јеремиќ разговарале со реформските активности кои се преземени за справување со глобалната економска криза, за активностите за привлекување инвестиции во регионот и за ратификацијата на меѓународните документи од сферата на работа на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти