ВИДЕО: Аеродром ќе субвненционира печки на пелети

Од:

Општина Аеродром со 560.000 денари ќе субвенционира печки на пелети за семејствата на територија на општината, кои што не се приклучени на градската мрежа за парно греење, најави на прес-конференција градоначалникот на општината, Златко Марин.

Секое домаќинство може да добие најмногу 15.000 денари.

Градоначалникот појасни дека огласот ќе биде прецизиран на следната седница на Совет, а по распишувањето граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенцијата.

„Општина Аеродром за оваа година има предвидено во буџетот 300.000 евра за заштита на животната средина, што е за 20 пати повеќе отколку сите досегашни буџети“, рече градоначалникот Марин.

Општината, како што додаде, веќе инвестирала во прочистувачи на воздух во сите градинки, а во зависност од буџетот за следната година, Марин најави прочистувачи и за основните училишта.

Во рамки на грижата за заштита на животна средина, градоначалникот соопшти дека 1.800 нови садници ќе бидат засадени на територијата на Аеродром, а ќе бидат направени и четири нови паркови во Мичурин и во стар Аеродром.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

35-годишен маж од Аеродром бил истепан од сопругата

Горан Наумовски

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Тројца тешко повредени во вчерашната сообраќајка во Аеродром

ВИДЕО: Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром