Фокландските острови ќе бидат под аргентинска контрола во рок од 20 години, изјави во Лондон министерот за надворешни работи на Аргентина Хектор Тимерман.
Во разговор за „Гардијан“ тој ја отфрли можноста од воено решение за 180 години стариот спор околу суверенитетот на овие острови во Јужниот Атлантик, но ги бранеше познатите ставови на официјален Буенос Ајрес дека Фокландите се „остатоци од времето на колонијализмот“.
Тимерман ја обвини британската влада за нејзината, како што вели, „фанатична решеност“ да ги заддржи островите под своја контрола, иако се одалечени 15 илјади километри од британскиот брег. Според шефот на аргентинската дипломатија, Лондон упорно ги отфрла сите можности за решение на спорот околу островите, што тој ги нарекува Малвински, како што тие се познати во Јужна Америка.
Тимерман е првиот аргентински министер кој зборува за правата на островјаните, сите британски државјани, откако островите ќе се врателе под контрола на Аргентина. За островјаните министерот ветува почитување на нивните права, како и правото да го заддржат своето британско државјанство и да останат Британци.
Во Лондон тој престојува за, како што вели, да каже дека Фокландите (Малвините) историски и правно се „само аргентински“.
Во текот на историјата овие остриви на кои живеат помалку од 4.000 луже, биле под контрола на Франција и на Шпанија, но никогаш не биле дел од аргентинската територија.
Хектор Тимерман во Лондон одби да се сретне со британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, затоа што Форин Офисот бараше на нивната средба да присуствуваат и претставници на локалната власт на Фокландските острови.
Аргентинската влада покрена силна кампања за суверенитетот на островите, откако во неговото крајбрежје беше најдено нафта.