(ВИДЕО) Антовски: Марин е одговорен за урбаното дивеење во Аеродром

Од:

„Златко Марин е одговорен за урбаното дивеење во Аеродром. Марин е покровител на уништувањето на Аеродром.

Повеќе од јасно е дека Марин се плаши од граѓаните и наместо да им се придружи на протестите, ако искрено го мисли тоа што постојано го изјавува, намески свика седница на советот за да ги залаже и да го одложи проблемот.

Голготата за аеродромците продолжува. Главни виновници за тоа се Златко Марин и Петре Шилегов, со чие одобрение комуналиите за девет катницата кај „Мајчин дом“ ќе се плаќаат на рати. Со што од зграда која нема да дозволат да се гради, стана зграда која со нивен потпис ќе се гради“, рече Пане Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред локалните избори во 2017 година, еден од главните проекти кои ги ветуваше Златко Марин беше ревизија на деталните урбанистички планови и мораториум за нови градби во Аеродром.

Иако Марин се обидува да презентира на јавноста дека мораториумот не е законски, а ревизијата помпезно најавувана, трае повеќе од една година, на аеродромци сеуште им се свежи ветувањата на Златко Марин и проектите во неговата изборна програма.

На вчерашната седница на советот се изнаслушавме се и сешто, само не и решение на проблемот кој го направи градоначалникот со издавање на одобрението за градење.

Марин и СДСМ, со вчерашната седница на советот на општина Аеродром имаа очаен и неуспешен обид за амнестија на катастрофалните грешки со кои го уништуваат Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ до Советот на општина Аеродром достави конкретни предлози за надминување на настанатата ситуација и тоа: предлог одлука за запирање на спроведување на спорните детални урбанистички планови и итна ревизија на истите во рок од 30 дена, и наместо суштинска дискусија и изнаоѓање на конретно решение, Марин се занимаваше со ВМРО-ДПМНЕ, свесно бегајќи од проблемот“, изјави Пане Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски