Во Косовска Митровица уапсен Србин по ранувањето на две деца

Од:

Косовската полиција го уапси денеска Срѓан Стојановиќ од Косовска Митровица, во чиј стан е пронајдена рачна бомба М-75 и 50 куршуми со калибар 7,62 милиметри.

Полицијата изврши претрес во станбениот објект на семејството Стојановиќ, кое живее во приземјето на куќа во која синоќа се случи експлозија и беа ранети две деца.

За време на претресот е пронајдено оружјето и муницијата, меѓу кои и рачната бомба, слична на онаа која експлодирала синоќа во станот на семејството Вучетиќ, кога се повредени двете деца, изјави регионалниот портпарол на косовската полиција Бесим Хоти.

Полицијата поради тоа го уапсила Стојановиќ, кому му е одреден притвор од 48 часа,  додаде Хоти, јави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина