Вдомени десет кучиња во акцијата за згрижување бездомни животни

Од:

Вдомени се 10 кучиња во отворените денови за вдомување бездомни животни, што од 4 до 10 октомври ги организираа ЈП „Комунална хигиена“ и Стационарот „Вардариште“.

Како што информира Град Скопје, 60 кучиња што беа достапни за вдомување, претходно беа прегледани од ветеринарен доктор, беа стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило.

– Граѓаните заинтересирани да вдомат бездомно куче и да му ја подарат својата љубов и грижа во оваа акција имаа можност да земат миленик без паричен надомест. За таа цел, вратите на стационарот „Вардариште“ во периодот од 4 до 10 октомври беа отворени секој ден, од 9 до 19 часот, информира Град Скопје.

Акцијата за вдомување кучиња се организираше во рамки на одбележувањето на 4 Октомври – Светскиот ден посветен на заштитата на животните.

Градот Скопје ги потсетува љубителите на животни дека доколку се одлучат да вдомат бездомно куче од стационарот „Вардариште“, тоа можае да го направат и во деновите од вторник до сабота, од 9 до 13 часот.

Би можело да ве интересира

Од денеска блокади по три часа кај мостот Близнак најави „Стоп за Вардариште“

Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад

„Стоп за Вардариште“ ги дематира тврдењата на градоначалникот на Аеродром дека иницијативата е под партиско влијание

Катерина Ѓуровски

На депонија „Вардариште“ живеат над 200 луѓе, потпалувањата се дело на мал дел од тие што живеат таму, вели Тошковски

„Стоп за Вардариште“ организира протест утре наутро на мостот „Близнак“

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите