Хабиб Нурмагомедов се закани дека ќе се откаже од УФЦ шампионатот доколку неговиот
колега Зубаира Тухугов добие казна за удирањето на Конор Мекгрегор во хаосот по мечот
во лесна категорија во Лас Вегас во саботата навечер.
https://www.youtube.com/watch?v=uYjMnG03tBs
Нурмагомедов го победи Мекгрегор во четвртата рунда на УФЦ 229 во Лас Вегас, но пото
следуваа грди сцени – Хабиб се прекачи преку оградата да се тепа со Дилон Данис,
Мекгрегор беше нападнат од два члена на рускиот тим, а шефот на УФЦ, Дејна Вајт се
закани дека Тухугов и Ислам Махачев никогаш веќе нема да се борат во УФЦ октагон.
Сега, во долга објава на Инстаграм, Хабиб го нападна Вајт и вети дека нема да се врати
во спортот ако неговите „браќа“ бидат казнети.
„Зошто не отпушти некој кога неговиот тим го нападна нашиот автобус и повреди луѓе?
Тие можеа да убијат некого. Зошто никој не зборува за навредата за мојата земја,
религија, нација, семејство? Зошто мораш да го казниш мојот тим, кога и неговиот се
тепаше? Ако кажеш дека јас го почнав ова, тогаш не се согласувам – јас го завршив тоа
што тој го почна. Ако мислиш дека ќе бидам тивок, си згрешил. Го откажа мечот на
Зубаира и сакаш да го отпуштиш бидејќи го удри Конор. Но, да не заборавиме дека Конор
го удри другиот мој брат ПРВ, види го видеото. Ако го отпуштиш, ќе ме загубиш и мене.
Ние во Русија никогаш не ги напуштаме нашите браќа. Ако го отпуштиш, прати ми
договор за раскинување, бидејќи јас ќе си заминам. И уште нешто. Задржи ги моите пари.
Зафатен си со тоа, се надевам дека нема да ги се заглават во грлото. Ние ја браневме
нашата чест и тоа најважно. Одиме до крај“, напиша Хабиб.
Снимките од инцидентот покажуваат дека Ирецот прв упати удар кога Махачев е пред
него во октагонот. Махачев потоа го удира Мекгрегор и покрај тоа што локалниот шериф
се обидува да ги раздвои. Откако Мекгрегор го избегнува ударот, тој е нападнат одзади
од Тухугов, кој има поголем успех и неколку пати го удира Мекгрегор пред да бидат
разделени.
Тухогов, кој има четири меча во УФЦ, требаше да се бори со колегата на Мекгрегор,
Артем Лобов овој месец, но мечот е неизвесен. Махачев пак, има пет победи во шест меча
во УФЦ, но и неговата кариера е неизвесна.
Хабиб не го доби појасот по мечот, но потоа се фотографираше со појасот и му се закани
на Вајт дека знае каде ја паркира колата