Циклонот Титли усмрти осум луѓе во Индија

Од:

Осум лица загинаа откако циклонот Титли ги погоди индиските сојузни држави Андра Прадеш и Ориша.

Сите жртви се во Андра Прадеш, а засега нема информации за загинати во Ориша. Шест од жртвите биле рибари.

Титли ги погоди источните делови на Индија, корнејќи дрвја, далноводи и уништувајќи куќи, поради што речиси 300.000 луѓе се евакуирани.

Циклонот Титли, што во превод значи „пеперутка“, е проследен со ветер кој дува со јачина и до 150 километри на час, како и поројни дождови.

Училиштата се затворени, а редуциран е и воздушниот и железничкиот сообраќај. Стотици илјади семејства останаа без електрична енергија.

Метеоролозите предвидуваат дека циклонот до вечерва нема да ја намали својата јачина, а во меѓувреме и крајбрежните области на Бангладеш се предупредени да се подготват за евентуална бура.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“