Честитка на Обединети на Македонија по поводот 11 Октомври

Од:

„За Обединети за Македонија ова е значаен ден од македонската историја кој се слави како борба за национална слобода и за остварување на вековните заложби.

Денес, после 77 години не бледнее споменот на 11 октомври и на народно ослободителната борба – на сите оние кои се бореа и го положија својот живот на олтарот на татковината.

Победата беше извојувана со смелост, хероизам и саможртвување. Премрежјето низ кое поминуваме денес бара од сите нас да ги покажеме истите доблести – да застанеме исправено и соодветно да одговоривме.

Нашиот повик денес е упатен и кон Парламентот – да бидеме сплотени во мислата за иднината, во промислата за животот на нашите млади – на нашата извесност и сигурност во подобро утре. Да продолжиме да ја градиме нашата татковина со европска перспектива, како стабилна и просперитетна држава,

Наследството кое ни го оставија македонските борци – слобода, мир и извесна иднина, несмее да биде загрозено!

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври!“, се вели во честитката на Обединети на Македонија.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Обединети за Македонија: Каде е македонското знаме?

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“