Модната куќа „Фенди“ ја обновува Фонтана ди Треви во Рим

Од:

Познатата модна куќа „Фенди“ со 2,18 милиони евра ќе помогне во обновата на славната Фонтана ди Треви од 18. век, која се наоѓа во Рим и секојдневно привлекува илјадници посетители.

Работите на проектот ќе трааат 20 месеци, соопшти модната куќа, на прес конференција на која присустуваа и дизајнерите Карл Лагерфилд и Силвија Вентурини Фенди кои изјавија дека проектот ќе ги комбинира љубовта кон минатото на Рим и потребите да се гледа кон иднината.

Римската фонтана, како што изјави Лагерфилд, „ја глорифицира водата, која е најважна работа на светот“, пренесуваат агенциите

„Фенди“’ е најновата компанија која притекнува во помош на италијанската културна оставнина од како земјата е зафатена од рецесија.

Диего Дела Вале, сопственик на луксузната линија за обувки „Тод’с“’ издвои 25 милиони долари за реставрација на римскиот Колосеум. За враќање на сјајот на венецијанскиот мост  Риалто е заслужна модната куќа „Дизел“’, која за оваа намена издвои пет милиони евра.

Славната Фонтана ди Треви, која е оштетена како последица на минатогодишната зима, е изградена по порачка на папата Клемент дванаесетти во 1732 година. Исто така, оваа фонтана е прикажана и во филмот на Федерико Фелини „Ла долче вита“’, а според легендата, оној кој ќе фрли паричка во фонтаната повторно ќе се врати во Рим.

Работите на раставрацијата на фонтаата планирано е да завршат во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ