Обвинителството до судот поднесе обвинителен акт против лицето кое изврши полов напад врз дете во Прилеп.
„Обвинетиот, во јули годинава, во паркот кај здравствениот дом во Прилеп заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз петгодишно дете. По пријава од вработените во здравствениот дом обвинетиот беше лишен од слобода и против него се водеше истражна постапка“, појаснуваат од јавното обвинителство.
За кривичното дело за кое се товари обвинетиот е запретена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години. Истовремено поднесен е и предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот.