Интензивни врнежи од снег во текот на ноќта предизвикаа хаос во сообраќајот во рускиот главен град, јавуваат локални медиуми.
Од вчера до денеска, во Москва има нови 26 сантиметри снег. Вкупно – 216 сантиметри снег паднале во Москва од декември минатата година – 1,5 пати повеќе отколку што е вообичаено за овој период од годината.
– Не сме имале ваква зима во изминатите 100 години, вели Пјотр Бирјиков, заменик градоначалник на Москва.
Од вчера до денеска се регистрирани 3.400 сообраќајки, соопшти московската полиција. Има вкупно 3.500 км. должина на колони возила низ улиците на рускиот главен град. Тоа е колку растојанието меѓу Москва и Мадрид. Метеоролозите предвидуваат нови врнежи од снег во следните денови, јавуваат руски медиуми.