Половично реализиран крводарителскиот план во општина Гевгелија

Од:

За изминатите девет месеци да се соберат 426 крвни единици или да се реализира нешто повеќе од 50 отсто од планот за нас претставува добар резултат на полето на крводарувањето што го остваруваме заедно со службата за трансфузија од гевгелиската Општа болница, изјавија денес од општинскиот Црвен крст во Гевгелија.

– Актуелниот резултат од најхуманата активност го остваривме од 12 спроведени акции со што надминавме 50 отсто од годишниот план кој се задржа на минатогодишното ниво од 800 крвни единици. Во останатите седум редовни акции до крајот на годината, како и оние што вонредно ги планираме и договараме, очекуваме да се доближиме до зацртаната бројка од годишниот план, што во услови на намален одзив на крводарителите во општинава за нас ќе биде голем успех, рече Младен Бундов, активист во гевгелискиот Црвен Крст.

Следните акции на полето на крводарувањето се најавени наскоро во текстилната фабрика „Бреботекс“ во Богданци и во казиното „Аполонија“ во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски