Концептот за Едно општество и интеркултурализам на 93. владина седница

Од:

На предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, на денешната седница ќе биде разгледана информацијата за потребата од изработка на Национална стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализмот.

Дел од точките на дневниот ред е и предлог стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 година.

Министрите на седницата ќе дебатираат за информацијата во врска со потребата од активности за успешна реализација на Проектот Ф/П 1674(2009) за домување на социјално ранливи групи.

Министерството за транспорт и врски за денешната владина седница ја предлага информацијата за започнување на повеќегодишна јавна набавка на работи за изградба на водоводна мрежа за делот од Индустриска зона Визбегово, општина Бутел.

На 93-та редовна седница, Владата ќе ја разгледа информацијата во врска со акциски план за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) 2018 – 2023 година, со Акциски план.

Пред министрите денеска ќе се најде и предлог – уредбата за изменување и дополнување на уредбата за мрежата на здравствени установи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски