До мај кирилица само на влезот во Вуковар

Од:

И покрај тоа што хрватската влада не сака да се откаже од воведувањето на двојазичност во Вуковар, се претпоставува дека таблите на кирилица ќе се постават по локалните избори во мај.

До мај треба да биде ставена само таблата на влезот во градот, на кое името на Вукавар ќе биде испишано на латиница и кирилица.

Одредени политичари од српските организации, сметаат дека поставувањето на таблите, поради сегашната влошена ситуација, треба да се одложи по локалните избори.

Од друга страна познатиот политичар, Милорад Пуповиќ бара да се почитува уставниот закон. Тој е загрижен за како што вели, кампањата против двојазичноста во Вуковар и додава дека ситуацијата го потсетува на воена реторика.

– Кампањата која што се води против кирилицата и правата на Србите, не е во согласност со уставниот закон и меѓународните документи. Овие протести се директно насочени кон нашите права, изјави Пуповиќ.

Во понеделникот се обрати и градоначалникот на Вуковар, Жељко Сабо, кој изјави дека воведувањето на двојазичноста за него е завршена приказна и дека за тоа треба да се грижи власта, а не градот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска