Активист затворен во Чеченија е добитник на наградата „Вацлав Хавел“

Од:

Активистот Ојуб Титиев, кој од јануари е во затвор во Чеченија, е добитник на Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“ која ја доделува Советот на Европа.

Титиев е шеф на огранок на рускиот Центар за човекови права „Мемориал“ во Чеченија, а во негово име наградата ја прими претседавачот на одборот на Центарот.

Организацијата Амнести интернешнел го окарактеризира Титиев како „еден од најхрабрите руски борци за човекови права“, кој повеќе од девет години ја води канцеларијата на центарот „Мемориал“ во Грозни.

На таа позиција пред Титиев беше Наталија Естемирова, која беше киднапирана и убиена во 2009 година.

Титиев е шести добитник на наградата „Вацлав Хавел“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот