Податоците собрани во ЕУ покажуваат дека сите видови на наркотици, може да се купат преку интернет, со достава на домашната адреса.
Европскиот центар за пратење и завиноста од наркотици, изјави дека оваа трговија најчесто се одвива, со помош на анонимна компјутерска мрежа.
Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, Европол веќе предупредил дека глобализацијата и развојот на комуникациските технологии ја намалуваат можноста за откривање на наркотиците.
Утврдено е дека ЕУ стана една од најважните производители на синтетичките наркотици во светот.
Според проценките секоја година во ЕУ се конзумира 2.500 тони канабис, во вредност од 18 до 30 милијарди евра.