Песков: На обвинувањата против Русија недостигаат конкретни докази

Од:

Кремљ денеска соопшти дека на обвинувањата на Запад за руските глобални хакерски активности им недостигаат конкретни докази.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Русија е подготвена да ги проучи доказите за наводни кибер напади, доколку тие доаѓаат од Холандија и тоа преку официјални канали.

Тој додаде дека Русија не ги зема предвид наводите на западни медиуми за кибер напади како релевантни и доволни докази.

– Не, тоа не се докази. Постојат воспоставени и функционални канали помеѓу соодветните агенции, во рамките на механизмот за обезбедување правна помош. Документите, доказите и другите официјални информации се пренесуваат преку овие канали. Подготвени сме да ги разгледаме, но немаме намера да ги разгледуваме овие теми преку средствата за јавно информирање, истакна Песков.

Западните земји издадоа заедничка изјава во четвртокот, со која ја обвинија Русија за глобална хакерска кампања.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија