Саудискиот имам шеик Абдула Дауд издаде фатва со која се налага сите женски деца, па дури и бебињата да носат бурка, за да се заштитат од сексуално насилство.
Фатвата која ја издаде Дауд за време на гостувањето на исламска тв станица „Ал-мајд“ ја вознемири јавноста и наиде на остри критики.
Поранешниот судија на Саудискиот одбор за обвиненија шеик Мухамед ал-Јзлан рече дека оваа одлука е многу лоша за исламот и за шеријатскиот закон и дека ги прикажува во негативно светло.
Тој ги повика муслиманите да ги игнорираат таквите фатви, објаснувајќи дека постојат посебни прописи кои одредуваат кој има право да ги издава.
Тој вели дека го растажува кога ќе види семејства кои шетаат со покриени деца, опишувајќи го тоа како неправда кон најмладите.
Дауд својот говор го одржал уште во октомври, но тој сега истече во јавноста, која ја осуди фатвата издадена на штета на децата и го повика да издаде фатва против насилниците, пишува весникот „Ал Арабија“.