Документарецот „Со љубов“ – прв филм на неделата на платформата „Синесквер“

Од:

Документарецот „Со љубов“ (Avec l’amour) на режисерот Илија Цветковски и продуцентот Атанас Георгиев премиерно ќе се емитува онлајн како прв „Филм на неделата“ на македонскиот стриминг-канал „Синесквер“ (Cinesquare), достапен во 13 земји од регионот. „Со љубов“ ќе може да се изнајми во секое време за 30 денари со регистрација на платформата, а може да се гледа во следните 48 часа од изнајмувањето.

„Синесквер“ е платформа на база на видео на барање (Video on demand) по принципот на HBO GO, Нетфликс, Амазон, која е активна во 13 земји од регионот (Македонија, Бугарија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Кипар, Турција, Словенија, Романија) и е фокусирана претежно на европскиот независен филм.

Оваа ВОД-платформа е единствената која прикажува филмови од овој дел на светот. Во видеотеката во секој момент се достапни и голем број македонски филмови, а има секција за вести и информации за македонски филмови, фестивали, поволности за снимање во Македонија.

Дистрибутерската куќа „Катавеј“ за платформата „Синесквер“ доби поддршка од 180.000 евра од потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“ на повикот за онлајн-дистрибуција.

Од „Катавеј“ соопштија дека „Филм на неделата“ на „Синесквер“ секогаш ќе биде филм кој нивните уредници сметаат дека е соодветен избор таа недела.

– Изборот на филмови, најверојатно, ќе се разликува. На предната страна постојано нашите филмски експерти ве запознаваат со филмови што сакаат да ги погледнете, па секогаш ќе има нови и извонредни предлози за филмови во кои можете да уживате. Исто така, во нашата видеотека имаме класици, култни филмови, до актуелни меѓународни и европски сензации од филмските фестивали, врвни режисерски и актерски остварувања за да го доближиме киното поблиску до публиката, преку нивните компјутери, мобилни уреди и телевизори, наведува „Катавеј“.

Цените на филмовите, посочуваат оттаму, се приспособени на нашиот пазар: 60 денари за игран филм, 30 денари за документарен филм и 15 денари за краток филм.

Наскоро платформата ќе биде надградена со можност за претплата, со што за одредена сума ќе бидат достапни сите наслови во видеотеката.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

Премиера на документарецот „Охридските пливачки легенди“

Ана Ололовска