Облачно време со локални врнежи од дожд

Од:

Денеска претпладне повеќе облачност ќе има на западот, а од пладне во западните делови на земјата ќе биде значително облачно со локален дожд, на места пороен и со услови за ретки грмежи, соопшти УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје исто така претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе биде во интервал од 8 до 25 степени.

Утре во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд, на места пороен и со услови за појава на грмежи, особено во западните делови од земјава. Од вторник ќе преовладува претежно сончево време, со малку постудени утра.

Би можело да ве интересира

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени