„Данас“: Ништо од членството на Косово во НАТО

Од:

Високи претставници на НАТО во Брисел веруваат дека не постои можност Косово во блиска иднина да стане членка на НАТО или програмите под покровителство на Алијансата, како што е Партнерството за мир, бидејќи неопходен услов за влез во Алијансата е членство во Обединетите нации, пренесува весникот „Данас“.

– Не постои иницијатица за влез на Косово во НАТО или евентуално добивање партнерски статус и во однос на тоа прашање ништо не се случува, наведува весникот, повикувајќи се на повеќе високи претставници на НАТО во Брисел.

Според нив, Вашингтонската повелба од 1949 година за создавање на НАТО, која и денеска е основен документ на оваа военополитичка унија, не прецизира дека земјата кандидат за пристапување мора да има членство во ОН, но во меѓународното право сепак се подразбира дека терминот „држава“ се однесува само на оние со место во ОН.

– Тоа на овој начин го толкуваат и земјите членки на НАТО што не го признаваат Косово. Додека, во однос на Косово и сите останати територии, задолжителен редослед е прво ОН, па потоа НАТО, истакнуваат претставниците на Алијансата за весникот „Данас“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина