ВИДЕО: Бугарија ќе и дава азил на Спаска Митрова

Од:

Бугарија размислува да и обезбеди азил на Спаска Митрова и нејзината ќерка Сузана, пренесуваат бугарските медиуми. Идејата била разгледана за време на состанокот меѓу европратеникот Димитар Стојанов и премиерот Бојко Борисов.

Повод за тоа дискусија е вчерашната одлука на Врховниот суд на Република Македонија, со што Митрова е обврзана во рок од две недели да ја предаде својата ќерка на поранешниот сопруг Воислав Савиќ.

Европратеникот Стојанов за бугарските медиуми изјави дека се подготвува барање и во Судот за човекови права во Стразбур.

Последен збор за обезбедување на азил ќе има претседателот.

Во моментов Спаска Митрова, која е со бугарско државјанство, и нејзината ќерка се во Гевгелија.

„До голема мера тоа би можело да го смени и односот на Бугарија за членството на Македонија во Европската унија. Односно, многу јасно ќе биде изразена позицијата во Брисел, дека додека не се прекинати овие активности, Македонија нема шанси да влезе во Европската унија!” , изјави Димитар Стојанов.

Пред својот косовски колега Хашим Тачи во Министерскиот совет премиерот Бојко Борисов направи оградување дека нема да го поврзува овој случај со односот на Бугарија кон Македонија во Европскиот совет, но дипломатски oбјасни дека Бугарија ќе биде многу строга кога ќе се донесуваат критериумите за пристапување на Македонија кон Европската Заедница. Дури според него исклучително строга.

Борисов изрази жалење дека во регионот Бугарија нема побратски народ од македонскиот, но и покрај тоа што и помагале на земјата на секој начин не поминува дeн или недела без некакви сигнали што Бугарија ни најмалку не ги заслужува.

„Зашто го прават тоа, не знам. Преку Министерството за надворешни работи ја побаравме одлуката на судот. Сепак да прочитаме за што станува збор и колку што знам, ова решение е од март , а се соопштува сега. Знам што ќе кажат дека независниот суд решил така. Добро. Не коментираме судска одлука. Но, судскиот систем кога ќе дојде ред да го коментираме судски, ќе го коментираме како што ние ќе процениме. А ние ќе процениме дека тој треба да е независен, демократски, европски, толерантен, и да ги заштитува интересите на сите граѓани. Ќе судиме според европски критериуми”, рече за време на разговорите Бојко Борисов.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски