(ВИДЕО) Зеќири: ВМРО-ДПМНЕ наместо да се обидува да дојде до амнестија за Груевски, да каже дали се за ЕУ и НАТО

Од:

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата, Христијан Мицкоси наместо со нелогични барања да дојдат до амнестија за Никола Груевски, треба да кажат дали се за интеграциите во ЕУ и НАТО, порача денеска од пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири.

Тој додаде дека сите пратеници, вклучително и оние од СДСМ се должни да ја следат мнозинската волја на граѓаните.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за НАТО и ЕУ во име на граѓаните кои ги избрале теба да ги продолжат процесите во Собранието“, рече Зеќири.

Според него, затворањето на патот кон ЕУ и НАТО значи затворање на пристапот до европските фондови, намален обем на инвестициии и работни места.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со барања во чијшто фокус е амнестијата, тоа ќе биде знак дека сакаат да го блокираат патот кон ЕУ и НАТО и да ја внесат земјата во изолација“, рече Зеќири.

Тогаш, додаде тој, единствен начин се предвремени избори кои мора да бидат организирани веднаш.

Сашка Додевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски