Ибрахим: Законот за Влада треба да се измени!

Од:

„Повеќе од јасно е дека Република Македонија поминува низ исклучително важен и тежок период. Во вакви мигови до израз треба да дојде државничкиот карактер на политичките партии, но и на поединци.

Партијата за Движење на Турците (ТХП) смета дека политичките партии и поединци кои немаат државнички капацитет и се однесуваат деструктивно кон државните интереси. Капиталните одлуки се носат од страна на храбри политичари, а таквите кои калкулираат за свои лични и партиски интереси во никој случај не смеат да бидат дел од техничката влада.

Партијата за Движење на Турците (ТХП) смета дека треба да има измени во Законот за Влада, односно да не се дозволи политичките партии кои немаат државнички капацитет да бидат дел од влада на која основна цел треба да и биде организирање на предвремени парламентарни избори. Ова треба да биде јасна порака до сите политички партии и поединци кои се однесуваат деструктивно и се обидуваат да ја спречат интеграцијата во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението на Енес Ибрахим, претседател на Партија за движење на Турците во Република Македонија (ТХП).

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска