Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2018“ вечер и викендов, продолжува со серија концерти на пијано.
Вечер со сала на клавирите ќе настапат дуо пијано од Македонија, Катерина Гелебешева-Костадиновска и Зоран Пехчевски, кои на целовечерниот концерт ќе изведат дела од Аренски, Равел, Сен-Санс, Шабрие и Розенблат.
Утревечер во сала на клавирите концерт ќе приреди пијанистот од Австрија Карл Ајхингер кој во придружба на Рудолф Гиндлумер, ќе изведат дела од Вагензајл, Лист, Хајдн, Доплер, Гулда и Штраус.
Според фестивалската програма, в недела, претпладне, ќе се одржи финалето од 9. Интерфест пијано натпревар, а вечерта концерт ќе приреди Огненка Герасимовска-Димитровска, пијанистка од Македонија која ќе изведе дела од Брамс и Дебиси.
27. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест-Битола 2018“ се одржува под покровителство на Министерството за култура.