Османи: Потребна ни е взаемна соработка за да се спротивставиме на современите предизвици

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, и главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, Бујар Османи, заедно со својот заменик и главен технички преговарач, Бојан Маричиќ, денеска престојуваат во работна посета на Тирана, Република Албанија, во рамките на која, заедно со министрите и вицепремиерите за европска интеграција на земјите од регионот учествуваа на третата Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR).

Во рамките на конференција беше потпишана заедничка декларација со која земјите од Западен Балкан, потпирајќи се на посветеноста на Европската Унија на политиката на проширување, држејќи ја оваа тема високо на својата агенда, ги реафирмираа своите заложби за унапредување на добрососедските односи, ја реафирмираа својата посветеност кон регионалната соработка преку взаемната поддршка и размена на најдобри практики во однос на сите аспекти од предпристапниот процес, како и сите други заложби во насока на европската перспектива на целиот Западен Балкан.

На панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во јавноста за време на конференцијата учесниците дебатираа за успесите, предизвиците и потенцијалите за унапредување на комуникацијата на европските вредности во рамките на земјите од Западниот Балкан.

Како главни закани беа посочени лажните вести, чија пенетрацијата ја загрозува објективната реалност и вистината, што, пак, создава почва за пенетрацијата на радикални политички понуди. Во овој контекст беше истакнато дека е потребно да се унапреди соработката и комуникацијата меѓу земјите од Западниот Балкан, со цел взаемно помагање во справувањето со овие предизвици.

На денешната трета по ред Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR) во Тирана, поддржана од страна на австриското претседателство со Советот на ЕУ и претходеа првата одржана во Скопје во 2015 година и втората одржана во Подгорица во 2017 година.

Во рамки на својата работна посета на Тирана вицепремиерот Османи оствари билатерални средби со сојузната министерка за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсл, министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати и министерката за европска интеграција на Република Косово, Дурата Хоџа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски