СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Со годишното усогласување на пензиите кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците за живот, сите пензионери добиваат повисока септемвриска пензија за 1,8 отсто.

Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69 отсто.

Со тоа, просечната пензија за месец септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8 отсто изнесува 14.500 денари, додека, за споредба во септември 2016 година таа изнесувала 13.106 денари .

Зборот е збор! Владата предводена од СДСМ во континуитет го спроведува законското усогласување на пензиите. Конечно, пензионерите го добиваат она кое што законски им следува, а со години им беше ускратено од претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување на мерките од Програмата за работа на Владата, преку кои се обезбедуваат повисоки плати и пензии, нови работни места, повеќе странски инвесттиции и зголемен економски раст.

Исклучително е важно Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО за овие позитивни трендови да се зголемат. Тоа ќе донесе придобивки за сите наши граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков да си поднесе оставка поради хаосот во културата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он