Османи: Ќе ги искористиме сите можности да ја имплементираме одлуката на граѓаните во Парламентот

Од:

Имаме обврска да ги искористиме сите можности да го имплементираме Договорот со Грција во Собранието. Имавме исклучително важен референдумски процес во државата, во која над 600 илјади граѓани изразија јасна политичка волја за имплементација на договорот од Преспа, и придвижување на земјата напред во интегративните процеси.

Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Тирана со австриската министерка за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсл.

Османи кој е главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, на средбата со Кнајсл, изрази благодарност за посветеноста на Австрија кон регионот, особено во делот на австриското претседателство, издигнувајќи го процесот на проширување и интеграција на регионот како еден од трите врвни приоритети на Унијата.

Османи, како што соопшти неговиот кабинет, потенцира дека Македонија ќе остане посветена на европската агенда, со продлабочување на реформски моментум, но и одлучно ќе продолжи со имплементацијата на европските правила, стандарди и вредности, со што ќе придонесе во изградбата на посилна, постабилна и поцврста Европа.

Тој се осврна и на предизвиците со кои се соочуваше земјата во однос на одржаниот референдум, при што изрази задоволство од високата поддршка на граѓаните на договорот од Преспа и членството во ЕУ и НАТО.

Вицепремиетот Османи, заедно со својот заменик и главен технички преговарач, Бојан Маричиќ, денеска престојуваат во работна посета на Тирана, во рамките на која, заедно со министрите и вицепремиерите за европска интеграција на земјите од регионот учествуваат на третата Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR).

На денешната Конференцијата за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR), се очекува да биде потпишана заедничка декларација каде, меѓу другото, ќе се реафирмираат заложбите за унапредување на добрососедските односи, унапредување на регионалната соработка како и европските перспективи на земјите од Западен Балкан, по што ќе следи и обраќање на Вицепремиерот Османи на панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во јавноста.

Во рамки на посетата на Тирана, Османи ќе оствари билатерални средби и со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати и Министерката за европска интеграција на Република Косово, Дурата Хоџа.

Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR) во Тирана, која е поддржана од страна на австриското претседателство со Советот на ЕУ е трета по ред, на која ѝ претходат првата одржана во Скопје во 2015 година и втората одржана во Подгорица во 2017 година.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски