Синоќа Бостон го совлада ЛА Клиперс со 106-104 во „ТД Гарден“, но тука можеби не завршува дуелот меѓу овие два тима. Како што пишуваат американските медиуми, екипата од Калифорнија е заинтересирана за трампа со славните “Селтикси“.
“Sport News“ пренесува дека челниците на Клиперс му ги нудат на Бостон, Ерик Бледсо и Керон Батлер во замена за Кевин Гарнет.
Нормално, Клиперс знаат за повредата на Рондо па нудат примамливо решение за неговото отсуство.
Тимот од ЛА во составувањето на шампионскиот мозаик добро би им дошол Кевин Гарнет, со оглед дека Блејк Грифин не добива солидна поддршка од Деандре Џордан и Ламар Одом.
Гарнет неодамна потпиша нов договор со Бостон до 2015 година, па останува да се види дали челните луѓе на овој тим ќе ја прифатат оваа понуда на Клиперс.