(ВИДЕО) Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе гласаме против уставни промени

Од:

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМЕ, по средбата со партискиот лидер Христијан Мицкоски во Собранието, се собраа во еден од рестораните лоциран на кејот на Вардар. Пратеничката Весна Пемова, во изјава за „A1он“ вели дека сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против уставните промени кои ги налага договорот со Грција.

„Сите ќе гласаме против. Единствени сме како никогаш досега“, изјави пратеничката Пемова.

Пратеничката Ане Лашкоска потврди дека попладнево имале средба со Мицкоски и за истата рече дека е редовна координација. Таа одби да открие за што се разговарало. Неофицијално, ставот кој партискиот лидер го споделил со пратениците е дека сака да бара формирање на техничка влада која ќе функционира една година за нови преговори со Грција. Лешкоска, одби да потврдат, но не негираа.

„Ќе бидете информирани, состанокот на ИК е вечер, не знаеме за што ќе се разговара“, рече Ане Лашкоска на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ би прифатило предвремени парламентарни избори.

Пратеничкатата Благица Ласовска исто така, не сакаше да открие за што разговарале со партискиот лидер, а за сплотеноста со колегите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече „Апсолутно, никој нема да гласа за уставни измени“.

Меѓу присутните пратенички беа Жаклина Пешевска, Весна Дамчевска-Илиевска, Невенка Стаменковска и други. Вечерва, ВМРО-ДПМНЕ има закажано состанок со Извршниот комитет на партијата, за кои ќе се разговара како опозицијата ќе постапува понатаму во однос на уставните промени и евентуалните предвремени парламентарни избори.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

(ВИДЕО) Ангелова: Фатмир Дехари од Кичево е срам за сите жени во Македонија, злоупотреба, понижување и срамен молк од ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ленче Ристоска, поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал