Продолжува асфалтирањето на улиците во кичевската населба „Раштани”

Од:

Општина Кичево работи на средување и асфалтирање на поголемиот дел на улиците во најновата населба на Кичево наречена „Раштани”. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Овој дел на градот со голема брзина се шири и општина Кичево се обидува да ја обезбеди потребната инфраструктура.

Патиштата се многу важни, па од тука уште од почетокот на градежната сезона и ние со поголем интензитет работиме на асфалтирање на улиците на оваа населба на нашиот град, вели Емин Насуфи од општина Кичево.

Тој додаде дека поголем дел на главните улици веќе се во завршна фаза, односно веќе се асфалтирани, во овој момент се работи на асфалтирање на улицата „22 Декември” во ова населба.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух