СЕ: Правата на малцинствата во БиХ не се доволно загарантирани

Од:

Малцинствата во Босна и Херцеговина немаат целосен пристап до своите права, ова е оценката на консултативниот комитет на Советот на Европа.

Националните мацинства, како Ромите, во оваа држава се соочуваат со институционална дискриминација и не учествуваат целосно во политичките процеси во земјата, во контекст на длабока поделеност меѓу конститувните народи на БиХ, предупредува СЕ.

Советот на Европа истакнува дека сегрегација во Босна останува голема, вклучително и за конститутивните народи кои живеат надвор од нивната „етничка територија“ и дека освен дискриминација и тие и малцинствата се жртви на насилство. Етничките поделби, оценува СЕ, ги зголемуваат и политичарите со своите поларизирачки изјави кои најчесто остануваат неосудени создавајќи атмосфера на неказнивост во земјата.

Ромите се жртви на „сериозна дискриминација“ на пазарот на трудот, како и пристапот до образовни и здравствени услуги, вели комитетот во своето мислење.

Документот препорачува уставни и законски измени за да и се стави крај на оваа состојба и повикува на недвосмислена осуда за изјавите кои поттикнуваат на етничка омраза.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски