Поранешни ученици на „Нова“ се поврзаа во асоцијација која ќе организира општествено одговорни проекти

Од:

Учениците кои завршиле или поминале дел од своето образование во меѓународното училиште „Нова“ се поврзаа во единствена алумни организација преку која ќе помагаат во реализацијата на различни проекти во училиштето, но и во проекти значајни за целата заедница.

Генералното собрание за основање на Алумни асоцијацијата на „Нова“ се одржа пред неколку дена, со што оваа организација, која порано функционираше на неформален начин, сега стана и официјална.

Меѓународното училиште „Нова“ има повеќе од 5.000 алумни (ученици кои посетувале дел од своето основно или средно образование во ова училиште) кои ќе може да станат дел од Алумни асоцијацијата. Од „Нова“ истакнуваат дека примарна цел на оваа асоцијација е да служи како платформа за поврзување меѓу алумните и училиштето, односно да ги обедини поранешните ученици во поддршка на мисијата и визијата на ова училиште.

Организацијата, како што се истакнува, ќе претставува платформа преку која ќе се вмрежуваат и комуницираат поранешните ученици со своите пријатели од училишните денови, со соучениците, но и со наставниците, за да може сите заеднички да помогнат во ефикасна реализација на различни проекти.

Се посочува дека Алумни асоцијацијата ќе организира проекти и активности насочени кон поддршка и натамошен развој на училиштето, но истовремено ќе бидат насочени и кон подобрување на условите во локалната заедница во која ова училиште функционира. Од училиштето наведуваат дека создавајќи ја алумни асоцијацијата, „Нова“ инвестира во подобрување на локалната заедница, но и на целото општество.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат