Утре без струја делови од неколку скопски општини

Од:

Заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општина Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода и Сопиште.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот прекин во напојувањето со електрична енергија ќе бидат селото Ново Село дел од ул.„106“. во општина Ѓорче Петров, во периодот од 8:30 до 14:30 часот корисниците од селата Дворце и Орашје во општина Сарај, а во периодот од 12:00 до 13:30 часот, дел од ул. „Пат за село Количани“, дел од ул. „Пат за Китка“, објектите кои се наоѓаат на патот за село Количани кај ресторант „Weding house“ во Драчево, во општина Кисела Вода.

Без струја во периодот од 10:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од дел од село Горно Соње ул. 8., во општина Сопиште, во периодот од 9:00 до 10:00 часот, дел од бул. „Борис Трајковски“, раскрсница Усје, најблиските подулички околу автоплацот, во општина Кисела Вода, а во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците со броевите 4, 6 и 7. во село Батинци, општина Студеничани.

Во периодот пак, од 8:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од ул. „Жил Верн“ во општина Кисела Вода, а во периодот од 9:00 до 11:00 часот дел од ул. 1439, населба Пинтија, општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата