Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите најостро го осуди твитот на Цветин Чилиманов упатен кон дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс, која го покриваше референдумот во Македонија.
– Заканувачкиот твит на Цветин Чилиманов кон Валери Хопкинс е срамен и неприфатлив. Сите закани кон новинари, особено повиците за насилство кон жени новинарки се неодговорни. Чилиманов мора веднаш да го отстрани твитот, напиша Харлем Дезир на Твитер.
Чилиманов на социјалните мрежи, споделувајќи го ставот на Хопкинс, напиша „До сите таксисти кои ме следат – ако ви влезе оваа во кола, време е за чичко Кумплуг“