Без договор меѓу Алијансата за иднина на Косово и Демократската партија на Косово

Од:

Опозициската Алијанса за иднина на Косово на Рамуш Харадинај не постигна догвоор за влез во владејачката коалиција со Демократската партија на Косово, чиј лидер е премиерот Хашим Тачи.

Во соопштение од Алијансата се наведува дека денеска се сретнале делегации на двете партии предводени од лидерите, но не е постигната согласност за влез во коалицијата.

Алијансата прифаќа учество во коалицијата доколку добие премиерско место за Харадинај, додека ДПК не се согласува.

– Како опозициска партија, Алијансата ќе ги искористи сите политички механизми за подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање поволни околности за Косово за да се обезбеди долгорочна политичка и економска одрживост на Косово, се вели во соопштение од партијата.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица