Неколку илјади полски полицајци денеска протестираа во Варшава, барајќи или повисоки плати или подобри услови за пензионирање.
Просечната полициска плата изнесува 600 евра, а до 2013 година полицајците во Полска можеа и да се пензионираат со поминати 25 години во службата, дури и ако немаат навршено 55-годишна возраст.
Синдикатите бараат да им се врати ова право, како и да се зголемат платите, со цел за да се пополнат некои од речиси 7.000 отворени места во полициската служба.