Премиерот Шинзо Абе ја реконструира Владата на Јапонија

Од:

Премиерот Шинѕо Абе ја реконструира Владата на Јапонија при што најважните министри ги задржаа функциите во време на тешките трговски преговори со САД.

Абе во септември по трет пат беше избран на чело на Либерално-демократската партија и земјата ќе ја води уште најмалку три години.

При реконструкцијата, своите функции ги задржаа шефот на дипломатијата, министерот за финансии, министерот за економија и министерот за трговија, членови на потесниот круг на Абе кои работат на тешките трговски преговори со Американците.

На чело на Министерството за одбрана дојде Такеши Иваја, експерт на владејачката партија за национална безбедност кој очекува да се вклопи во тековната политика која има за цел да ја зголеми воената улога на Јапонија.

Абе (64) мора да ја зацрвсти својата позиција во партијата откако на партиските избори помина полошо отколку што се очекуваше. Ова е четврта реконструкција на Владата откако стана премиер во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови